Фановите бараат промени на клупата

0

Дури 64,4 од навивачите на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед сакаат тренерот Оле Гунар Солскјер да си замине откако тимот влезе во серија на лоши резултати во Премиер лигата.

Тимот од „Олд Трафорд“ има освоено само осум бодови од осум мечеви што претставува крајно неочекуван ефект со оглед на реномето и амбициите на „црвените ѓаволи“. Затоа не изненадува што во анкетата на британски весник -„Сан“ големи 64,4 проценти од навивачите сакаат заминување на 46-годишниот Норвежанец. Другите 35,6 проценти од испитаниците му дале поддршка на тренерот. Во истражувањето биле вклучени 4.400 фанови на Манчестер Јунајтед.

Ќе потсетиме дека неодамна и првите луѓе во клубот јавно потенцираа дека Солскјер ќе остане на клупата.

 

Share.

Leave A Reply