Фановите на Шкупи предизвикале инцидент

0

МВР информира дека на вчерашниот кошаркарски меч во Скопје меѓу Шкупи и Пелистер се случил голем инцидент во кој се повредени неколку гостински играчи како и двајца полицајци.

По завршување на натпреварот од трибините била фрлена петарда кон клупата на пелистерци кои  возвратиле со фрлање на пластично шише со вода кон навивачите на кошаркарскиот клуб Шкупи.

Тогаш домашните фанови ја прескокнале оградата од трибината и нападнале неколку играчи  од  Пелистер. При интервенцијата за полицијата биле повредени двајца нејзини припадници.

Share.

Leave A Reply