Фара стана витез

0

Четирикратниот олимписки шампион, Мо Фара денеска беше специјален гостин во Бакингемската палата, каде што беше прогласен за витез на Британската Империја од страна на кралицата Елизабета втора.

Атлетичарот кој ги освои златните медали на трките од 5.000 и 10.000 метри на Олимпијадите во Лондон во 2012 и во Рио во 2016 година, вели дека никогаш не помислил дека ќе добие таква почест.

„Со текот на годините нормално очекуваш да направиш нешто и да станеш олимписки шампион. Од осумгодишно момче кое дојде од Сомалија и не знаеше ниту еден збор англиски до ова денеска се случи нешто неверојатно“, вели Фара.

Share.

Leave A Reply