Фаворитите без проблеми го минаа 1. коло на УС Опен

0

Првиот ден на УС Опен мина во знакот на настапите на Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер. Двајцата фаворити веќе обезбедија пласман во 2. Коло откако стигнаа до планираните победи. Србинот во три сета го совлада Карбаљес Баена од Шпанија (6-4, 6-1, 6-4), додека Федерер му препушти еден сет на Индиецот Сумит Нагал во меч кој го затвори првиот ден на Грен Слем турнирот.

Во второто коло во Њујорк се најде и Јапонецот Нишикори кој излезе како победник од мечот со Трунхелити откако Аргентинецот се откажа при вториот сет. Вавринка и Чориќ со помали проблеми се справија со противниците, додека убедлив беше Медведев.

Од попознатите тенисери со елиминација уште по првата рунда се соочија Јанко Типсаревиќ и Томаш Бердих.

Share.

Leave A Reply