Фаворитите одбраа тешки гуми

0

„Пирели“, кој е главниот дистрибутер на гуми за Формула 1, го откри изборот на тимовите за првиот круг од новиот шампионат кој ќе започне со Гран При на Австралија.

Италијанската компанија ќе понуди три од петте видови на гуми за секој круг од календарот. Мешавините ќе варираат помеѓу C5 – помеки и C1 – најтврди. За првиот круг, Пирели го одбра мешавините C2, C3 и C4. Рено ќе користи повеќе C4 сетови – десет, додека фаворитите за титулата во двете конкуренции, (возачи и конструктори), Мерцедес, Ферари и Ред Бул, ќе користат дури девет комплети од најтешката опција за трката во Австралија.

Меѓу нивните возачи само Чарлс Леклер и Нико Хулкенберг од Рено, ќе имаат на располагање по два сета од најтврдите мешавини додека другите натпреварувачи ќе имаат само по еден достапен комплет.

Share.

Leave A Reply