Фавр: „Реално беше да мечот да заврши нерешено“

0

Тренерот на Борусија Дортмунд, Лусијан Фавр смета дека неговиот тим не заслужил да го загуби дербито од 28-то коло во Бундеслигата против Баерн Минхен (0:1).

„Верувам дека во целина имавме добар настап во текот на сите 90 минути од натпреварот. Игравме добро во првите 30 минути, но потоа се опуштивме. Исто така, одигравме добро во второто полувреме. Имавме шанси, но ги промашивме и немавме добра завржница. Можевме да победиме, но нерешениот резултат ќе беше заслужен и реален. Во трката за титулата ќе биде многу тешко. Седум бода на шест кола пред крајот на Бундеслигата ќе бидат многу тешко да се достигнат“, рече Фавр по вчерашниот натпревар.

 

Share.

Leave A Reply