Фазио и Џеко биле на допинг контрола

0

Екипата на Рома со вчерашната победа на домашен терен против Шахтјор со 1 спрема 0 си обезбеди место меѓу најдобрите 8 во Лигата на фудбалските шампиони.

Единствениот гол со кој Италијанците ја анулираа негативата од првиот дуел кога загубија во Украина со 2-1, беше дело на фантастичниот голгетер, Един Џеко. Интернационалецот од БИХ веднаш по средбата во Рима заедно со Федерико Фазио морале да одат на допинг-контрола.

Тоа јавно на Инстаграм го објави Фазио кој напиша – „со бомбардерот на допинг контрола“.

Share.

Leave A Reply