20-кратниот освојувач на Гренд слем трофеи, Швајцарецот Рожер Федерер стана лик на една од насловните страници на новиот број на списанието „Time“. 36-годишниот тенисер беше вклучен во 100-те највлијателни луѓе во светот според магазинот.
„Бев сведок на тоа колку внимателно Роџер и неговиот тим работат за да ги подобрат животите на сиромашните деца”, напиша неговиот пријател, американскиот претприемач Бил Гејтс.