Федерер: Ѓоковиќ, Мареј, Вавринка ќе се вратат во топ форма

0

Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Рожер Федерер, се осврна на честите отсуства на  големите фаворити кои мораат да паузираат главно поради повреди или исцрпеност.

36-годишниот тенисер во годинава што одминува има освоено 7 пехари а беше одличен и на Грен Слем собирите во Англија и во Австралија.

„Кога се враќате на теренот тоа е голем предизвик за вашето тело. Затоа очекувам играчите кои беа повредени на крајот од сезоната како што се: Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј и Стан Вавринка, да имаа успешно враќање во наредната година“ – изјави Швајцарецот.

Share.

Leave A Reply