Федерер го победи Чилиќ за 6-та титула на Австралија опен

0

Роџер Федерер уште еднаш покажа дека сеуште не е за отпишување и дека мора да се смета и понатаму на неговите квалитети.

Тој едноставно ги поместува границите во тенискиот свет, откако во финалето на Австралија Опен по голема битка и одиграни пет сета славеше против Марин Чилиќ со 3:2 (6:2, 6:7, 6:3, 3:6, 6:1) и ја запиша својата рекордна 20. Грен слем титула, а шеста на овој Грен слем турнирот кој се игра на терените во „Мелбурн Парк“.

Финалниот натпревар беше одигран под затворен кров на „Род Лејвер“ арената поради високата температура во Мелбурн, а Федерер успеа да го надигра Марин Чилиќ, слично на минатогодишното финале на Вимблдон, каде федерер тогаш славеќе со 3:0.

36-годишниот Федерер на патот до шестиот трофеј на Австралија опен (2004, 2006, 2007, 2010, 2017 и 2018 година) ги елиминираше Бедене, Шруф, Гаске, Фучович, Бердих, а во полуфиналето Кореецот Чунг мораше да му го предаде мечот поради повреда. Овој трофеј е негов шести на терените во Мелбурн Парк, со што се израмни со Новак Ѓоковиќ и легендарниот Левер по бројот на освоени трофеи на Австралија опен.

Share.

Leave A Reply