Тениската легенда, Роџер Федерер, во едно интервју откри по што би сакал да го паметат кога ќе ја заврши кариерата.
„Сакам да бидам запаметен како некој што помогнал да се развие играта. Дека уживале да ме гледаат, дека сум ги усреќувал луѓето, дека сум давал интересни интервјуа, бидејќи многу разговараме со медиумите, за мене тоа е начин да се повреземе со луѓето и ако ме паметат сакам да биде заради тоа“ – вели Федерер кој е постојано во движење низ светот.
„Тешко да се избере посебно место кое ми се допаѓа. Секогаш уживам да одам и во Шангај а многу ги сакам Париз и Лондон. Ако морам некогаш да одберам некој град, тогаш тоа е Њујорк“ изјави Федерер кој сега ќе се насочи кон последниот сезонски Грен Слем турнир кој ќе биде одигран токму во САД на терените во Њујорк.