Федерер има планови и за наредната сезона

0

Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер, кој сезоната ја заврши на третото место на АТП листата, вели дека нема намера да се повлече од тениските терени и дека ќе биде крајно мотивиран за големи успеси во наредната сезона.

Тој по поразот од Александер Зверев во полуфиналето на завршниот Мастерс во Лондон, објасни дека планира да игра и во 2019 година и дека посакува да се врати на челната позиција во светското рангирање. Според него, оптимизмот го темели на тоа што ги губи мечевите со минимална разлика.

„Малку сум разочаран како ја завршив годината, беше многу неизвесно. Токму поради тоа верувам дека и понатаму можам да победувам и да одам напред“ вели некогашниот најдобар тенисер на светов.

Share.

Leave A Reply