Федерер : имам мотивација за играње

0

Најтрофејниот тенисер на денешницата, Швајцарецот Роже Федерер, откако нагласи што би можело да го натера да ја заврши кариерата,  се осврна и на остатокот од сезоната кој ќе го пропушти поради здравствени причини.

„Ако почнам да губам во второто коло секоја недела, тогаш ќе разберам дека времето ми заврши. Сè уште сум жеден за победи, среќен сум и полн со мотивација“ – изјави Федерер.

„ Сакам да си ги одмерам силите со најдобрите на големите турнири. Ми требаат таквите моменти“ – потенцираше носителот на 20-ет Грен слем титули.

 

Share.

Leave A Reply