Федерер ја надмина границата од 10 000 аса

0

Швајцарската легенда Роџер Федерер ја помина границата од 10.000 аса, а тоа се случи за време на првиот натпревар од овогодинешното издание на Отвореното првенство на Велика Британија во тенис.

Седумкратниот шампион на „Вимблдон” Федерер пласираше 10 аса при успехот над Александар Долгополов со 6:3, 3 0 до откажувањето на Украинецот поради повреда и веќе има 10004 директни поени од сервис во кариерата.

Така тој стана само третиот играч во историјата по 1991 година, кога АТП почнува да ја следи статистиката за асови, кој достигнува до оваа граница.

Лидер со 12062 е Иво Карловиќ (Хрватска), кој се уште игра, а втор уште еден Хрват Горан Иванишевиќ со 10131.

Топ 10 според асови:

  1. Иво Карловиќ (Хрватска) *                   12062 аса, 619 натпревари
  2. Горан Иванишевиќ (Хрватска)             10131, 731
  3. Роџер Федерер (Швајцарија) *            10004, 1294
  4. Џон Иснер (САД) *                                 9106, 523
  5. Енди Родик (САД)                                  9068, 776
  6. Пит Сампрас (САД)                                8713, 792
  7. Фелисиано Лопез (Шпанија) *               8520, 828
  8. Иван Љубичиќ (Хрватска)                     8121, 680
  9. Рихард Крајичек (Холандија)                7648, 606
  10. Грег Руседски (Велика Британија)       7589, 677
Share.

Leave A Reply