Федерер ја освои 8-та титула на Вимблдон без загубен сет

0

Роџер Федерер го победи Марин Чилиќ со 3:0 во сетови (6:3, 6:1, 6:4) во овогодинешното финале на Отвореното првенство на Велика Британија на Вимблдон.

Швајцарецот влезе во историјата со денешната победа како тенисер со најмногу титули од „Вимблдон” – 8, претекнувајќи ги Пит Сампрас и Вилијам Реншоу, кои имаат по 7 титулу на Вимблдон. Роџер Федерер успеа да ја освои осмата титула без да загуби ниту еден сет во натпреварите до финалето.

Марин Чилиќ пак се претстави достоинствено и ги освои симпатиите на навивачите, откако не се откажа во почетокот на вториот сет, иако почувствува болки и ќе требаше да му биде укажана лекарска помош.

Федерер успе ада дојде до осмата титула на Вимблдон по пауза од пет години.

Share.

Leave A Reply