Федерер: Ќе играм и во 2018-тата

0

Рекордерот по бројот на освоени Гренд слем титули, Роџер Федерер вели дека планира да остане активен во светскиот тенис и во 2018 година. Швајцарецот имаше тешка сезона која заврши прерано поради повреда и во моментов работи на враќање на терените во 2017-та.

„Целта ми е во декември да се врата посилен од кога било досега и да бидам многу подобар од она што луѓето очекуваат. Мојот сон е да продолжам да освојувам титули од Гренд слем сериите и да се врати на врвот на АТП листата. Кога луѓето ме прашуваат дали ќе играм тенис во 2018 година, им возвраќам дека се надевам дека ќе биде така“, вели Федерер.

Се очекува 35-годишниот ветеран да се врати со настапи на Отвореното првенство на Австралија, кое започнува во јануари.

Share.

Leave A Reply