Федерер ќе си земе подолг одмор

0

Швајцарскиот тенисер, Рожер Федерер откако во текот на викендот го освои првото место на Мастерсот во Мајами, изјави, дека ќе направи подолга пауза за да се одмори за вториот Грен Слем турнир кој ќе се реализира на терените во Франција. Тој нема да игра на земјена подлога во  Монте Карло, Мадрид и во Рим и објасни зошто се определил на таков потег.

„Немам 24 години, мора да одморам, треба да внимавам на здравјето. Моето колено во претходната година ми создаде проблеми на земјина подлога и затоа сакам да го прескокнам тој дел од сезоната“ – вели Федерер.

„На земјена подлога ќе почнам да тренирам две недели пред Ролан Гарос. Турнирот на трева на Вимблдон е мој приоритет и затоа ќе играм во Штутгарт и во Хале“ вели Федерер.

Share.

Leave A Reply