Федерер на победа од првото место на АТП листата

0

Доколку успее да го победи својот денешен противник Робин Хасе од Холандија во мечот од четврфиналето на АТП турнирот во Ротердам, Швајцарската тениска легенда Роже Федерер се враќа на првото место на АТП листата во понеделник.

Федерер во осминафиналето беше подобар од Филип Колшрајбер од Германија и се проби меѓу осумте најдобри во Ротердам на еден од најсилните турнири оваа седмица. Денешниот дуел со Хасе треба да почне околу 19.30 часот.

Share.

Leave A Reply