Федерер: Не планирав да ги освојам АО и Индијан Велс

0

Тенискиот „Маестро“, Роџер Федерер, по победата на мастерсот во Индијан Велс, изјави дека не планирал оваа година да ја почне со два исклучително вредни трофеи. Швајцарецот во финалето синоќа славеше против својот сонародник Вавринка со 2:0 (6:4/7:5) и успеа да го повтори успехот од Мелбурн на почетокот на годинава кога го освои Австралија Опен.

„Ова беше уште една фантастична недела за мене. Се надевам дека телото ќе ми овозможи да продолжам да играм вака. Ова е еден од моите омилени турнири, затоа што тука дојдов првпат кога имав само 17 години“, вели Федерер.

„Сега не сум толку изненаден како што бев во Австралија, но и оваа победа е големо изненадување за мене. Јас сум презадоволен. Минатата година не осоив ниту една титула, а оваа почна одлично, како за промена“, дополни Швајцарецот.

Share.

Leave A Reply