Федерер обезбеди полуфинале во Мајами

0

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер е последниот полуфиналист на Мастерсот во Мајами, откако синоќа славеше во дуелот со Томаш Бердих со 2:1 во сетови. Швајцарскиот рекет кој во моментов е на шестото место на АТП листата отвори со лесни 6:2, но во вториот сет му дозволи на Бердих да се врати за израмнување на 1:1 во сетови, оствојувајќи го вториот сет со 6:3.

Во решавачкиот трет сет Федерер беше тој што успеа прв да направи брејк и тоа за 4:2. но, неговиот сервис гејм за победа, беше рибрејк за Томаш кој израмни на 5:5, а потоа победникот мораше да се одлучува во тај брејк.

Во првото полуфинале вечерва во Мајами ќе играат Надал и Фоњини, додека Федерер во вториот полуфинален дуел се среќава со Кирјос.

Share.

Leave A Reply