Федерер откри дека има повреда на раката

0

Швајцарскиот тенисер, Рожер Федерер, ги прекина сите шпекулации околу неговата лоша форма откако обелодени дека подолг период се соочува со повреда на раката која значително влијае на неговата игра.

„Ја повредив раката уште пред да започне сезоната на трева. Иако не очекував сериозни последици, токму тоа се случи. Болка чувствувам веќе три месеци, но, тоа не е изговор за постигнатите резултати“ – потенцираше Федерер.

„Потребно ми е време за да се вратам во нормала и се надевам дека на последните турнири ќе бидам целосно подготвен“ – вели Швајцарецот кој утре на домашен терен во Базел го очекува мечот со Србинот, Филип Крајиновиќ.
 

Share.

Leave A Reply