Федерер откри дел од плановите за 2020 година

0

Тенисерот од Швајцарија, Роџер Федерер, најави дека нема да настапи на АТП Купот кој е предвиден да се реализира во почетокот на наредната година.

„Жалам што се повлекувам. Кога решив да играм во претходниот месец, тоа беше тешка одлука затоа што значеше дека ќе имам помалку време за моето семејство. Откако разговарав со луѓето од тимот за плановите за наредната сезона, решив да поминам две недели дома. Тоа ќе биде од голема корист за моето семејство и за мојата кариера“ – вели Федерер.

„Ме боли што нема да бидам дел од новиот турнир. Жал ми е што ги разочарав навивачите, но, се надевам дека ја разберат мојата одлука. Сакам да бидам максимално подготвен за наредниот Грен Слем во Австралија“ – нагласи 38 годишниот тенисер.

 

Share.

Leave A Reply