Федерер по седмипат е најдобар во Швајцарија

0

Еден од најдобрите тенисери во последната деценија, Роџер Федерер и ова агодина ја доби наградата за најдобар спортист на својата земја. Швајцарецот на церемонијата на доделување на наградите во Цирих по седмипат го доби ова државно признание.

Во тековната година, Федерер освои седум ттрофеи, вклучувајќи ги и победите на Вимблдон и Австралија Опен.

За спортистка на Швајцарија за 2017 година беше прогласена алпската скијачка Венди Холденер. За најдобра екипа беше прогласена фудбалската репрезентација на Швајцарија која обезбеди пласман на СП во Русија.

Share.

Leave A Reply