Федерер подобар од Надал во „Мечот за Африка“ пред рекордни 52.000 гледачи

0

Роџер Федерер го победи Рафаел Надал пред рекордна посетеност на мечот во Ј. Африка. Федерер, чија мајка Линет е родена во Јужна Африка, победи во добротворниот натпревар против Шпанскиот тенисер со 6-4, 3-6, 6-3.

Мечот го гледаа рекордни 51.954 гледачи, што е најголема посетеност на еден тениски натпревар во историјаа.

„Беше привилегија да се биде вечерва овде“, рече Федерер, кој пред натпреварот доби дрес на рагби репрезентацијата на Јужна Африка.

„Беше апсолутно задоволство повторно да се сретнеме со Рафа. Ова е многу повеќе од само тенис и навистина се надевам дека можеме повторно да го сториме истото ова во некоја следна прилика“, заврши Швајцарецот.

Ова беше шесто издание на „Меч за Африка“, при што приходите одат во фондацијата Роџер Федерер.

Share.

Leave A Reply