Федерер сака да игра во ноќните часови

0

Швајцарецот, Роџер Федерер, откако го победи Тејлор Фриц од САД со 3-0 и се пласираше во осмина-финалето на Отвореното првенство на Австралија во тенис, изјави, дека заслужува да игра во ноќните термини поради годините што ги има.

„Во моите години потребно ми е повеќе време да се загреам и да средам одредени работи. Понекогаш не гледам ден долго време. Во Дубаи на пример, сите мечеви се ноќни“ – изјави третиот тенисер на АТП листата.

„Тука само ако играш добро ќе имаш мечеви во ноќните термини. Тоа се однесува на завршните три кола“ – вели Федерер.

Share.

Leave A Reply