Федерер се врати на врвот, а за пензија засега не зборува

0

Рожер Федерер повторно е на врвот на АТП листата. Со победата на Мерцедес Купот во Штутгарт викендов, Швајцарецот повторно се искачи на првото место на листата на најдобрите светски тенисери, преземајќи го врвот од Рафаел Надал. Иако се согласува дека ова е неговата втора фаза од славната кариера, вели дека сé уште не е подготвен да го закачи рекетот и да замине во пензија.

Швајцарскиот ас ја освои својата 98-ма АТП титула, го презеде водството од долгогодишниот ривал Рафаел Надал, но вели дека прашањето за неговото пензионирање не е далеку од одговор.

Федерер признава дека ќе се пензионира кога играњето тенис ќе стане товар за неговото семејство. Засега вели дека ужива на терените и е подготвен за нови предизвици.

Share.

Leave A Reply