Федор: не привлекувам внимание додека сум во метро

0

Легендарниот ММА-борец ,Федор Емелијаненко, изјави дека често се вози со метро и дека не го привлекува вниманието на другите патници. Русинот вели дека сите се толку задлабочени во телефоните што воопшто не го забележуваат и не го препознаваат.

„Патувам мирно со метрото бидејќи никој не ме препознава. Сите гледаат само во телефоните и не гледаат на страна. Тоа на некој начин е добро за мене“ – вели Федор.

„Гледам во нивните очи со колку големо задоволство ги користат мобилните. Не можам да верувам дека тоа им стана опсесија на луѓето“ – нагласи Емелијаненко.

Share.

Leave A Reply