Фелаини може да замине во Париз

0

Раководството на Пари Сен Жермен му предложило 4-годишен договор на полудефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини, соопшти денеска „Манчестер Ивнинг Њуз“.

На 30-годишниот белгиски фудбалер ќе му истече договорот со „црвените ѓаволи“ на крајот на сезонава а во моментов нема индикации дека е близу до потпишување на нов. Наводно, Фелаини ја отфрлил понудата за нов договор бидејќи не бил задоволен од предложените 120.000 фунти како неделна плата како и од ограниченото време во Јунајтед.

Според „Манчестер Ивнинг Њуз“ кој се повикува на публикации во францускиот печат, Фелаини и ПСЖ сеуште не се договориле за платата но, тоа треба да се случи во наредниот период . Од јануари, поранешниот играч на Евертон ќе биде слободен да преговара или да потпише за друг состав доколку добие понуда.

Share.

Leave A Reply