Ферeрo: треба да се поништи сезоната

0

Првиот човек на фудбалскиот состав Сампдорија, Масимо Ферерo, вели дека Серија „А“ треба да биде дефинитивно прекината а сезоната да биде поништена.

„За мене сезоната завршува тука со актуелните позиции. Еве можеме да си создадеме хипотеза. Можеме да си дадеме еден месец. Да почнеме со припреми на 4.април до 4.мај, тогаш одигруваме 12 натпревари до август. Што тогаш ќе се случи со наредната? Ајде да почнеме да зборуваме за наредната сезоната“ – потенцира Ферeрo.

Италијанските медиуми пишуваат дека клубовите се поделени во размислувањата. Едната група што ја предводи претседателот на Лацио, Клаудио Лотито инсистира на доигрување на сезоната додека втората група бара поништување на сезоната со предлог, наредната да започне во август со 22 тима или два повеќе од досегашната бројка.

Share.

Leave A Reply