Ферари доминираше во Сингапур

0

Себастијан Фетел и Шарл Леклер му донесоа еден-два победа на Ферари на денешната трка во Формула 1 која беше возена за Големата награда на Сингапур.

Одличната стратегија на италијанскиот тим му помогна да дојде убедливо до првите две места откако неговите ривали не успеаа да го издржат темпото. Третото место на подиумот го пополни Макс Верстапен со болидот на Ред Бул. Потоа следуваа Луис Хамилтон и Валтери Ботас а  бодови уште запишаа и: Алекс Албон, Ландо Норис, Пјер Гасли, Нико Хулкенберг и Антонио Џованика.

Што се однесува до генералниот пласман кај возачите, Британецот, Луис Хамилтон е лидер пред Ботас и Верстапен. Кај конструкторите води Мерцедес пред Ферари и Ред Бул. Наредната трка ќе биде возена на 29 септември за Големата награда на Русија.

 

Share.

Leave A Reply