Ферари потврди: Кими си заминува, Леклер доаѓа од следната сезона

0

По неколку месеци шпекулации Скудерија Ферари конечно го најави заминувањето на Кими Раиконен по крајот на сезоната. Шарл Леклер од Заубер ќе дојде на негово место.

Пред да почине, Серџо Маркионе имаше изјавено дека договорот на Раиконен нема да биде продолжен, а Леклер ќе го замени. По неочекуваната смрт на Италијанецот се појавија мислења дека можеби ќе настапи промена, но изгледа новото раководство сака да се придржува кон она што го мислел Маркионе.

„Скудерија Ферари истакнува дека по крајот на сезоната 2018, Кими Раиконен ќе се повлече од својата сегашна улога”, се вели во официјалното соопштение.

“Во годините кои се зад нас придонесот на Кими како пилот, но исто така и човечки квалитети, беше многу важна за Ферари. Тој одигра огромна улога во растот на тимот, цело време беше тимски играч. Како светски шампион со Ферари, тој засекогаш ќе остане дел од историјата и нашето семејство. Му благодариме на Кими за сè и му посакуваме просперитет во иднина” се вели во соопштението на Ферари.

Веднаш потоа од тимот го потврдија и доаѓањето на Шарл Леклер:
„Скудерија Ферари најавува дека наредната сезона во Ф1 Шарл Леклер ќе се натпреварува за тимот како совозач на Себастијан Фетел”.

20 годишниот пилот добива огромна шанса по 14 натпревари во својата прва сезона во Формула 1. Тој е дел од програмата на Ферари за развој на млади пилоти, шампион во Формула 2, а откако се натпреварува во најпрестижниот шампионат Ф1 секогаш импресионира со достигнувања. Шарл постојано го победува клубскиот колега Маркус Ериксон и освоил 13 од 19 поени на тимот.

Се шпекулира дека Раиконен може да го одложи пензионирањето и да го заземе местото на Леклер во Заубер, како дури и да земе дел од сопственоста на тимот. Засега ова е само шпекулација од страна на финските медиуми.

Share.

Leave A Reply