Фердинанд: Каваните треба да дојде на „Олд Трафорд“

0

Легендата на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, внимателно ја следи ситуацијата во клубот кога станува збор за најавените трансфери во текот на зимскиов период.

Тој повторно се обиде да му сугерира на раководството на „црвените ѓаволи“ да се обиде да дојде до потписот на Едисон Кавани иако имаше одредени шпекулации дека играчот на ПСЖ се  договорил со луѓето од Атлетико Мадрид.

„Јас би го донел веднаш. Тој е многу искусен фудбалер кој може да им помогне на младите да напредуваат“ – напиша Фердинанд на социјалните мрежи.

 

Share.

Leave A Reply