Ферер доби „вајлд карта“ за настап во Мадрид од каде оди во пензија

0

Некогашниот трет светски тениски рекет, Шпанецот Давид Ферер доби „вајлд карта“ за настап на турнирот во шпанскиот главен град, кој ќе биде воедно инегов последен активен настап во кариерата.

За 36-годишниот Ферер ова ќе биде 16-то учество на мастерсот во Мадрид каде за првпат учествуваше кога имаше 21 година.

„Давид е еден од најголемите тенисери на нашата земја. Исклучителна личност и еден од најдобрите кои сум ги сретнал“, изјавил неговиот пријател и нов директор на Мастерсот, Фелициано Лопез.

Share.

Leave A Reply