Фернандес: Иниеста останува во Барселона

0

Спортскиот директор на Барселона, Роберт Фернандес, самоуверено изјави дека Андрес Иниеста ќе остане дел од тимот уште долго време. Ситуацијата околу искусниот фудбалер е една од водечките теми во последно време, бидејќи неговиот договор истекува на крајот на следната сезона.

Иниеста се уште нема потпишано продолжение на соработката, иако во моментов преговорите не запреле. 32-годишниот Шпанец има 8 шампионски титули во Шпанија со екипата на каталонците, како и четири трофеи од Лигата на шампионите.

„Ние сакаме Иниеста да продолжи со нас уште долги години. Се надевам дека тој ќе остане тука долго време. Немам сомнеж дека ќе се случи токму тоа”, изјавил Фернандес.

Share.

Leave A Reply