Фернандо Јеро е нов селектор на Шпанија

0

Поранешниот капитен и помошник-тренер на Реал (Мадрид) Фернандо Jеро официјално беше назначен за селектор на репрезентацијата на Шпанија за СП 2018.

50-годишниот ексдефанзивец до овој момент беше спортски директор на Шпанската фудбалска федерација, но ќе го замениизненадувачки отпуштениот Жулиен Лопетеги. Актуелниот селектор Лопатеги беше отпуштен поради неговото назначување за тренер на Реал Мадрид. Јеро има само една сезона искуство како прв тренер.

Во сезоната 2016/17 ја предводеше екипата на Овиедо во втората лига на Шпанија, но минатото лето заврши на средината на табелата. Како фудбалер има 89 натпревари и 29 гола за репрезентацијата на Шпанија. Како играч го носеше дресот на Ваљадолид, Реал (Мадрид), Болтон и Ал Рајан.

Share.

Leave A Reply