Даниел Карвахал, десниот дефанзивец на Шпанија, ќе биде во стартната постава за утрешниот натпревар со Иран, предвидуваат шпанските медиуми.
Oдбрандбениот фудбалер веќе закрепнал од повредата што ја доживеа финалето во Лигата на шампионите.
Селекторот на Шпанија Фернандо Јеро сепак е оној кој треба да ја донесе конечната одлука. Во првото коло од Светското првенство против Португалија, на оваа позиција започна Начо Фернандес.