Фетел демантира дека ќе ја напушти Ф1

0

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, кој неколку сезони не успева да ја добие битката со луѓето од Мерцедес, се осврна на последните шпекулации дека размислува да ги напушти патеките.

Германскиот пилот кој има договор со „црвените“ до 2020 година, вели дека во моментов е насочен само кон активностите во шампионатот во Формула 1.

„Сакам да се натпреварувам. Го сакам чувството на брзина и сакам да се тркам со другите. Има многу работи што ми се допаѓаат и не гледам причина да си заминам сега. Сепак, договорот е само парче хартија, ќе видиме што ќе се случи” – изјави возачот на италијанскиот состав.

Share.

Leave A Reply