Фетел е подготвен за жестока борба со сите опоненти

0

Возачот на Ферари во Формула 1, Себастијан Фетел, откако изјави дека неговиот клупски колега Кими Раиконен не му помага во битката за титулата со Британецот, Луис Хамилтон, од Мерцедес, сега излезе со сосема други размислувања.

Германецот објасни дека не очекува заповеди од боксот на Ферари во негова корист и тврди дека со задоволство ќе ја прифати борбата со клупскиот колега.

„Задоволен сум што се борам со три автомобили. Нема проблем. Јас само ја вршам мојата работа и подготвен сум да се натпреварувам против сите. Во Монца се обидов да нападнам на првиот свиок а потоа на вториот, но не ми успеа. Тогаш немав среќа“ вели Фетел.

Share.

Leave A Reply