Фетел е реален во проценките

0

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, откако не ја заврши неделната трка за големата награда на Јапонија, вели дека има само теоретски шанси да ја освои титулата во Формула 1.

Германецот на претходната трка на патеката „Сузука“ мораше принудно да го прекине возењето. Тоа максимално го искористи лидерот, Луис Хамилтон, кој направи 59 поени позитива во однос на Фетел и тоа на само четири трки до крајот на шампионатот.

„Не мора да бидам генијалец за да увидам дека титулата е недостижна. Ќе бидам самокритичен, не можам да бидам задоволен иако техничарите во екипата вложија напор да ми помогнат. Последните две трки беа проблематични, но, тоа е дел од спортот“ изјави Фетел.

Share.

Leave A Reply