Германскиот возач во Формула 1, Себастијан Фетел е нов член на Астон Мартин, потврдија од тимот.
Се шпекулираше дека по заминувањето на Серхио Перез, четирикратниот шампион во Формула 1 ќе се приклучи на тимот наречен Расинг Поинт, а на почетокот на август Фетел потврди дека имал состанок со челниците на Астон Мартин. Договорот меѓу Фетел и неговиот нов тим остава отворена опција за соработка дури и по 2021 година.
„Среќен сум што конечно ја споделувам добрата вест за мојата иднина. Горд сум што сум возач на Астон Мартин следната сезона. Тоа е нова авантура за мене, со легендарна компанија. Импресиониран сум од резултатите што тимот ги постигна оваа година и верувам дека ќе заедничката иднина ќе биде уште посветла“, рече Германецот по официјализирањето на соработката.