По вчерашните квалификации за трката за ГН на Бахреин се потврди дека не бил случајност одличниот викенд од првата трка во Мелбурн за тимот на Ферари.
Пилотите на Ферари тоа го покажааи синоќа на квалификациите во Бахреин, каде неговите пилоти ги освоија првите две места и обезбедија стартни позиции на денешната трка. Себастијан Фетел ја освои пол-позицијата пред Кими Раиконен и Валтери Ботас од Мерцедес.
Разочарувачко за Мерцедес беше четврто место освои Луис Хамилтон, кој поради казната од пет места, денес ќе мора да стартува од деветтото место.
Трката за ГН на Бахреин е на програмата денес со почеток од 17.00 часот.