Фетел најдобар на „Интерлагос“ во Бразил

0

Борбата за шампионста титула во Ф1 шампионатот е решена, но тоа не беше причина да имаме уште една одлична и возбудчива трка на патеката „Интерлагос“ за ГН на Бразил.

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел победи пред Валери Ботас од Мерцедес и својот клупски колега Кими Раиконен, додека за новиот светски шампион Луис Хамилтон немаше место на подиумот и трката ја заврши како четвртопласиран.

Фетел стигна до победата уште на самиот старт, односно по првиот свиок, кога успеа да го помине Валтери Ботас, кој стартуваше од пол-позицијата, а потоа во пит-стоповите не дозволи, вториот возач на Мерцедес да ја врати предноста, па на крајот Германецот се радуваше на тримф на ова трка.

Германецот трката ја заврши со предност од 2,7 секунди пред Ботас, а Раиконен на крајот имаше задоцнување од  4,6 секунди, но успеа да се одбрани од нападите на Хамилтон и на крајот да го задржи третото место кое му донесе подиум. Хамилтон на крај беше ќетврти, додека петото место беше резервирано за Јос Ферстапен, шести беше Даниел Рикиардо, а Фелипе Маса беше седми.Бодови во Бразил усше освоија Алонсо, Перез и Хулкенберг.

Share.

Leave A Reply