Фетел не се откажува од титулата

0

Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел, смета дека неуспехот во првата третина од сезоната не го остава на страна од битката за шампионскиот трофеј.

„Нема причина зошто да престанам да верувам во можноста за освојување на титулата. Но, тоа не е она со што легнувам секоја вечер. Ја чекам секоја нова трка и размислувам само за неа. Имаме доволно работа и многу напредуваме. Времето ќе стави сè на свое место“, вели Фетел.

Тој исто така потенцира дека во Ферари доста научија од досегашните промени на болидот и очекува уште подобрувања во следниот период. По девет досегашни трки, Себастијан Фетел е на четвртото место во генералниот пласман со заостанување од 74 бода зад лидерот Хамилтон.

Share.

Leave A Reply