Возачот на Ферари во Формула 1, Себастијан Фетел, потенцира дека неговиот тим мора да ја врати победничката форма пред летната пауза ако сака да ја заддржи шансата да се бори за титулата. Четирикратниот светски шампион заостанува цели 55 поени од лидерот Хамилтон а неговиот тим има 118 поени помалку од Мерцедес кај конструкторите.
„Не мора да бидеш гениј за да претпоставиш што треба да се направи. Пред одморот треба да ја подигнеме формата. Одиме чекор по чекор и имаме одредени планови. Се надевам дека ќе ги реализираме“ – вели Фетел.
„ Не започнавме според плановите, но, успеавме да освиме одреден број на поени. Наредните трки ќе бидат многу значајни за нас. Ќе се обидеме да останеме рамноправни во трката со Мерцедес за шампионската титула“ – потенцираше возачот на Ферари.