Возачот на Ферари во Формула 1, Себастијан Фетел, по вчерашната трка за Големата награда на Унгарија, вели дека на неговиот тим дефинитивно му треба летниот одмор.
„Немавме што да загубиме. Се обидовме максимално да ги искористиме гумите и мислам дека успеавме. Имав можност и ја искористив, треба да бидеме задоволни“ – вели Фетел.
„Добро е што ќе има пауза и што ќе можеме да ги наполниме батериите во наредните две недели. Се надевам дека ќе бидеме подобри во втората половина од сезоната“ – потенцираше Германецот кој има четири титули.