Фетел:Верувам дека Кими ќе има поголеми успеси

0

Себастијан Фетел тврди дека неговиот клубски колега во Ферари, Кими Раиконен, заслужува подобри резултати во тековнава сезона во Формила 1.

По првите четири круга, Себастијан е лидер во шампионатот со 13 бода пред ѕвездата на Мерцедес, Луис Хамилтон додека Раиконен е четврти на табелата.

„Според мене, Кими заслужува подобри резултати. Немаше среќа во Бахреин и на неколку други стартови. Не верувам дека некој се сомнева во квалитетите на Раиконен. Toj е докажан светски шампион. Сезоната допрва почнува и очекувам подобри резултати од него”, заврши Германецот.

Share.

Leave A Reply