ФФМ ги одреди цените за влезниците за средбата со Косово

0

Фудбалската федерација на Македонија ги одреди цените на влезниците за натпреварот од полуфиналето од Лига на нации меѓу македонската репрезентација и селекцијата на Косово.

За натпреварот кој ќе се одигра на 26 март на Националната арена „Тодор Проески“, билетите за јужната и северната трибина ќе се продаваат по цена од 300. и 400. денари.

Фудбалската федерација на Македонија ќе обезбеди билети за навивачите на македонската репрезентација на западната трибина од арената „Тодор Проески“. Се очекува нашиот најголем стадион да биде исполнет до последното место, а најавено е присуство и на навивачи на косовската репрезентација. Овој натпревар ќе биде посебно значаен за двете селекции, но ќе биде историски и поради тоа што за првпат во Македонија ќе се користи ВАР-технологијата.

Исто така од страна на Управниот одбор на ФФМ беа одредени и цените на билетите за натпреварот од квалификациите за ЕП меѓу репрезентациите до 21 година на Македонија и Израел кои изнесуваат 50 денари, а средбата ќе се игра на 26 март на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе изнесува 50 денари.

Share.

Leave A Reply