ФФМ ги одреди номинациите за „Најдобрите во 2016“

0

Фудбалската Федерација на Македонија синоќа ги одреди имињата на оние кои се номинирани во изборот за „Најдобрите за сезоната 2015/16“  во пет различни категории.

Еве ги номинациите на оние кои ќе конкурираат за овие награди:

Најдобар фудбалер од македонското првенство:
– Бесарт Ибраими (Шкендија)
– Бобан Грнчаров (Вардар)
– Стефан Спировски (Вардар)

Најдобра фудбалерка во македонското првенство:
– Улса Максути (АС Јунајтед)
– Теодора Димовска (Драгон)
– Анета Георгиева (Кочани)

Најдобар тренер во младинска категорија:
– Сашо Тодоровски (Вардар – пионери)
– Југослав Тренчовски (Академија Пандев – младинци)
– Берат Имери (Шкендија – кадети)

Најдобар фудбалер во младински фудбал:
– Елиф Елмаз (Работнички)
– Јани Атанасов (Академија Пандев)
– Есмин Личина (Вардар)

Најдобар футсал играч:
– Даниел де Соуса
– Игор Леовски
– Александар Глигоров

Гласањето е преку веб страната на ФФМ и ќе трае до 5 декември, додека манифестацијата на доделување на наградите ќе се одржи на 15 декември. Освен овие награди ќе бидат доделени уште многу други награди во останатите категории.

Share.

Leave A Reply