ФФМ ги ослободи од котизации второлигашите и третолигашите

0

Денес беше одржана седница на УО на ФФМ и притоа беа донесени неколку одлуки:

– Управниот одбор на ФФМ донесе одлука со која ги ослободува од плаќање котизација екипите од Втора МФЛ – Исток, Втора МФЛ – Запад и екипите од Трета МФЛ за натпреварувачката сезона 2020/2021.

Ослободувањето од котизација за екипите од Втора МФЛ и Трета МФЛ, Управниот одбор на федерацијата ја донесе како една од суштинските мерки во соочувањето на фудбалските клубови во нашата држава со кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19;

Фудбалската федерација на Македонија, минатата година, ги ослободи од плаќање котизација за учество во Прва МФЛ, екипите од најдобрата наша конкуренција.

– Управниот одбор на ФФМ на денешната седница ги усвои листите за судии и контролори за натпреварувачката сезона 2020/2021;

Share.

Leave A Reply