ФФМ го реализираше Генералното собрание

0

84 од вкупно регистрирани 97 делегати беа присутни на денешното Генерално собрание на Фудбалската Федерација на Македонија кое беше одржано со практикување на здравствениот протокол одобрен од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести. Пред приисутните се обрати првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини.

„Ви благодарам што заеднички минуваме низ тежок период свесни дека кризава само со координирани напори можеме да ја надминеме. Откажувањата или одложувањата на натпреварите секогаш се најнепопуларна мерка, во нашата ситуација друга можност, немаше“ – потенцираше Сејидни пред делегатите.

Управниот одбор на ФФМ на денешното Редовно собрание донесе одлука сезоната 2020/21 да се игра со 12 екипи, наместо со 10 како што досега беше случајот. Пелистер и Беласица влегуваат во елитата како лидери на табелите на Истокот и Западот од Втората лига пред прекинот на сезоната поради пандемијата со корона-вирусот.УО донесе одлука од сезоната 2020/2021 Третата лига да  поделба на пет региони со пет лиги кои би броеле од 6 до 16 екипи наместо досегашните шест лиги.

Share.

Leave A Reply